Visitar URL original
Википедија
Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 166.718 статии на македонски јазик и 331 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмарк — македонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме“, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 22 ноември 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1908  Во Битола е усвоена албанската азбука.
1943  Либан стекнува независност од Франција.
1963  Во Далас е убиен американскиот претседател Џон Кенеди.
1974  Генералното собрание на Обединетите нации и доделува статус на набљудувач на Палестинската ослободителна организација.
1986  Победувајќи го актуелниот првак Тревор Бербик со технички нокаут во втората рунда, Мајк Тајсон ја освоил првачката титула во бокс во тешка категорија, во верзијата на WBC. На тој начин, на возраст од 20 години и четири месеци, тој станал најмладиот првак во тешка категорија во историјата на професионалниот бокс.
1991  Египетскиот политичар Бутрос Бутрос-Гали е избран за генерален секретар на Обединетите Нации, со што стана прв Арап (и прв жител на Африка) избран на таа функција.

Родени:

1458  Јаков Обрехт — холандиски композитор.
1602  Елизабета — сопруга на шпанскиот крал Филип IV.
1616  Џон Волис — англиски математичар.
1819  Мари Ен Еванс — англиска писателка.
1869  Андре Жид — француски романописец, есеист и критичар.
1877  Ендре Ади — унгарски поет.
1881  Енвер-паша — турски воен командант.
1890  Шарл де Гол — претседател на Франција.
1901  Хосе Леандро Андраде — уругвајски фудбалер.
1913  Бенџамин Бритен — англиски композитор и пијанист.
1935  Виргилиј Невјестиќ — хрватски графичар.
1940  Тери Гилијам — американско-британски режисер.
1943  Били Џин Кинг — американска тенисерка.
1948  Радомир Антиќ — српски фудбалер и тренер.
1950  Тина Вејмаут — американска рок-музичарка, членка на групата Токинг хедс (Talking Heads).
1953  Матија Љубек — хрватски и југословенски кануист.
1962  Виктор Пелевин — руски писател.
1967  Борис Бекер — германски тенисер.
1967  Марк Рафало — американски глумец.
1969  Катрин Крабе — германска атлетичарка.
1971  Николај Јакобсен — дански ракометар и тренер.
1984  Скарлет Јохансон — американска глумица.
1987  Маруан Фелаини — белгиски фудбалер.
1989  Крис Смолинг — англиски фудбалер.
1992  Владислав Наместников — руски хокеар.

Починале:

1286  Ерик V — крал на Данска.
1318  Михаил II — голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство.
1617  Ахмед I — отомански султан.
1900  Артур Саливен — познат британски композитор и диригент.
1916  Џек Лондон — американски писател.
1963  Џон Кенеди — претседател на САД.
1971  Кирил Николов — македонски новинар.
1980  Ме Вест — американска глумица.
1981  Милан Кашанин — српски и југословенски писател, ликовен критичар и историчар на уметноста.
2000  Емил Затопек — чехословачки атлетичар.
2011  Пол Моушијан — американски џез-музичар.
2020  Мустафа Надаревиќ — босански и југословенски глумец и режисер.
Издвоен цитат
„

„Младите имаат многу радости и многу таги, бидејќи се имаат само себе си за кого да мислат, па така секоја желва и секоја помисла добива важност. Секое задоволство е почуствувано во целост, но исто така и секоја тага, и многу кои не можат да ги исполнат своите желби, веднаш ставаат крај на својот живот.“
— „Гертруда“, Херман Хесе, 1910 год.

“
Слика на денот

Тигреста ѕвингалка (Amandava amandava) во Баруипур, Западен Бенгал, Индија.
Дали сте знаеле...


Четири едноотворни животни
Четири едноотворни животни


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 166.718 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич