Visitar URL original
Википедија
Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 166.464 статии на македонски јазик и 340 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмарк — македонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме“, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 14 ноември 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1944  Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во Битола, на македонски јазик ја одиграле едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа било означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.

Родени:

1650  Вилијам III — крал на Англија.
1719  Леополд Моцарт — австриски композитор.
1765  Роберт Фултон — американски инженер и пронаоѓач.
1838  Август Шеноа — хрватски писател.
1840  Клод Моне — француски сликар, еден од основачите на импресионизмот.
1863  Лео Бакеланд — белгиски хемичар, кој го открил бакелитот.
1889  Џавахарлал Нехру — индиски државник, еден од основачите на политиката на неврзувањето.
1901  Цирил Боуда — чешки сликар.
1922  Бутрос Бутрос Гали — египетски политичар и поранешен Генерален секретар на ООН.
1935  Хусеин I — крал на Јордан.
1941  Филип Симоновски — македонски новинар, уредник и публицист во „Нова Македонија“.
1946  Денко Малески — прв министер за надворешни работи на Македонија.
1955  Сулејман Халиловиќ — босански и југословенски фудбалер.
1984  Марија Шерифовиќ — српска пејачка.
1985  Томас Вермален — белгиски фудбалер.
1984  Винченцо Нибали — италијански велосипедист.
1993  Самуел Умтити — француски фудбалер.
1996  Борна Ќориќ — хрватски тенисер.
1997  Кристофер Нкунку — француски фудбалер.
2006  Јан Диоманде — фудбалер од Брегот на Слоновата Коска.

Починале:

565  Јустинијан I — византиски цар.
1263  Александар Невски — голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство.
1391  Никола Тавелиќ — хрватски светец.
1522  Ана де Божу — ќерка на Луј XI.
1716  Готфрид Вилхелм Лајбниц — германски филозоф и математичар.
1831  Георг Вилхелм Фридрих Хегел — најистакнат претставник на германската идеалистичка филозофија.
1884  Алфред Едмонд Брем — германски природонаучник и зоолог.
1915  Андриј Лисенко — украински писател.
1946  Мануел де Фаља — шпански композитор.
1977  А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада — индиски хиндуистички теолог.
1990  Адолф Рудницки — полски писател.
1992  Ернст Хапел — австриски фудбалер и тренер.
Издвоен цитат
„

„Младите имаат многу радости и многу таги, бидејќи се имаат само себе си за кого да мислат, па така секоја желва и секоја помисла добива важност. Секое задоволство е почуствувано во целост, но исто така и секоја тага, и многу кои не можат да ги исполнат своите желби, веднаш ставаат крај на својот живот.“
— „Гертруда“, Херман Хесе, 1910 год.

“
Слика на денот

Источна торбарска круна (Dasyurus viverrinus) во Тасманија, Австралија.
Дали сте знаеле...


Првото издание на „Кулинарски водич“ од 1903 г.
Првото издание на „Кулинарски водич“ од 1903 г.


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 166.464 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич